Економија 02. јануари 2020. / 15:44

Петров се пофали: Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Петров се пофали: Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

„Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните“, рече денеска на прес конференција потпретседателот на СДСМ Коста Петров.

Тој ова го аргументираше споредувајќи ги податоците од Државниот завод за статистика, според кои, просечната плата во октомври 2019 година изнесувала 25.726 денари, што е зголемување за над 900 денари повеќе од истиот месец во 2018 година.

– Платите растеа во сите сектори. Во 2019 година повисоки плати добија вработените во здравството, образованието, детските градинки, социјалната служба, одбраната, полицијата, јавната администрација, рече Петров.

Тој додаде дека минималната плата е зголемивме за 5.500 денари повеќе во однос на 2017 година кога минималната плата инесуваше само 9.000 денари.

– Го поттикнуваме и растот на платите во приватниот сектор, преку мерката за субвенционирање на придонесите за оние кои ќе ја зголемат платата на своите вработени до 6.000 денари. За оваа мерка, субвенции од државата досега побарале вкупно 8.000 фирми, а повисоки плати ќе добиваат околу 45.000 вработени, изјави Петров.

Додаде и дека преку мерката Мој ДДВ во 2019 година целосно се заокружил концептот Парите назад кај граѓаните со чија мерка, за првпат државата враќа пари директно на сметките на граѓаните.

– Она што го постигнавме во 2019 ни дава право и мотив да продолжиме уште попосветено во новата 2020 година, рече Петров.