Потпреседателот на СДСМ, Коста Петров, истакнува дека со примена на развојни реформи била стабилизирана македонската економија и обезбеден економски раст.
Како што потенцира Петров, Оперативниот план за вработување има големо влијание за намалување на невработеноста, а со кој годинава очекува да вклучи 12.000 нови невработени лица.
– Преку иновативни политики и развојни реформи за само 2,5 години успевме, не само да ја стабилизираме македонската економија, туку и да обезбедиме раст кој овозможува вистински бенефит за сите граѓани.
Што значи ова? Со отворање на 60.000 нови работни места, обезбедивме посигурна иднина на 60.000 граѓани и семејства.
Во моментот имаме најниска стапка на невработеност во историјата на С. Македонија, која изнесува 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна за 13 проценти на 35,3 отсто – изјави Петров.