Економија 16. март 2020. / 20:46

Пендаровски: Земјата има резерви за четири месеци за нормално функционирање на државата

Пендаровски: Земјата има резерви за четири месеци за нормално функционирање на државата

Ние имаме доволно енергенти за најмалку четири месеци, за нормално функционирање на државата изјави претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.

Пендаровски одговори дека не располага со прецизни бројки, бидејќи се работи за дневна периодика, но дека се исполнети меѓународните стандарди кои предвидуваат земјата да има минимум енергенти за најмалку четири месеци за нормално функционирање на државата.

Ја не ги имам сите тие бројки во овој момент, бидејќи тоа е дневна периодика, но она што јас го знам е дека во делот енергенти и во делот на животни продукти е на нивото кое е неопходно според меѓународните стандарди. Ако ме прашуваш, знае еден од тие стандарди, ние имаме доволно енергенти за четири месеци за нормално функционирање на државата, изјави Пендаровски.