Економија 14. May 2019. / 19:33

Паркинг проблемот решен: Катни гаражи ќе се градат во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Паркинг проблемот решен: Катни гаражи ќе се градат во комплексот клиники „Мајка Тереза“

На 135. седница на Владата е усвоена Предлог – одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Како што соопштуваат од Владата целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект се со цел да се исполни целта на ЈПП и давање на квалитетна услуга.

Со овој модел на ЈПП, приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи.