Економија 05. февруари 2021. / 14:42

Oризопроизводителите и дадоа 10 дена на Владата да ги исплати субвенциите или ќе излезат на масовни протести

Oризопроизводителите и дадоа 10 дена на Владата да ги исплати субвенциите или ќе излезат на масовни протести

На итна седница на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите од Кочанско е донесено решение, доколку до 15-ти февруари не бидат исплатени субвенциите за 2020-та година, да се организираат масовни протести и целосна блокада на патот Штип- Кочани.

Од ресорниот министер добиле уверување дека целосно ќе бидат исплатени до Нова Година, но пари до сега нема. Од друга страна, откупната цена за килограм бел ориз е на најниско ниво во последните 10 години, а веќе треба да се подготвуваат и за годинашната сеидба.

– Цената е падната за 2 денари, од 43 на 41 и 409 денари. Останатите сорти се 38 и 37 денари. Ние се тие цени буквално не можеме да се покриеме. Потребни ни се по 1000 евра или по 60 000 денари по единица хектар за да можеме да посееме и да ги обработиме, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од с. Облешево

И додека откупната цена паѓа, во малопродажба цената е 3 пати повисока.

– Еве за илустрација. Килограм ориз во продавниците е 116 денари. Ова е половина килограм и е 60 денари. Mислам дека тоа е срамно и потценувачки, изјави Арсов

Лошата состојба со откупот и доцнењето на финансиската помош од државата, демотивирачки делува врз младите луѓе кои одбрале да егзистираат од оризо производство.

– Ограничени сме во секој поглед. Лани бевме ограничени со движење, но, годинава по се изгледа финансиски ќе бидеме ептен разочарани, изјави  Стојче Ташовски, оризопроизводител од с. Облешево