Економија 31. мај 2019. / 11:49

Од утре не смеете да платите во кеш суми поголеми од 500 евра – казни до 80.000 евра

Од утре не смеете да платите во кеш суми поголеми од 500 евра – казни до 80.000 евра

Со новите законски измени во Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, кои стапуваат на сила утре, 1 јуни, плаќањето во кеш ќе биде дозволено само за суми до 500 евра.

Поинаку кажано, ако утре сакате да купите, на пример, половен автомобил, телевизор, или пак, која било друга роба, поскапа од 500 евра, нема да можете да платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка. Ако се осмелите да платите во кеш, ќе направите прекршување на законот, за што е пропишана парична казна од 5.000 до 80.000 евра.