Сметките на граѓаните и компаниите од утре пак ќе бидат„ достапни“ за извршување. Извршителите утре почнуваат со работа. Ќе се ивршува од сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април, објавува Телма.
Но ќе почнат и новите блокади, за речиси 33.000 предмети кои до сега стигнале за извршување. Од Министерството за правда велат дека немаат можност да ја продолжат Уредбата со која речиси 4 месеци се „замрзна“ извршувањето, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба.
А иако имаа законска можност да побараат стопирање, ниту банките ниту компаниите кои нудат режиски услуги за граѓаните, до сега не го направиле тоа.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.