Економија 16. септември 2020. / 08:48

Од понеделник Комерцијална банка ќе прифаќа фактури само во хартиена форма

Од понеделник Комерцијална банка ќе прифаќа фактури само во хартиена форма

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите деловни партнери дека од 21.09.2020 година нема да прифаќа за плаќање фактури пратени по електронски пат поради престанување на важноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба на 20.09.2020 година.

Деловните партнери на Банката, почнувајќи од 21.09.2020 година, фактурите треба да ги доставуваат во хартиена форма до Писарницата на Банката.

Наменски отворената e-mail адреса e-fakturi@kb.com.mк од 21.09.2020 година веќе нема да биде активна.