Економија 01. март 2021. / 08:41

Од денеска повторно може да се плаќаат сметки во Пошта

Од денеска повторно може да се плаќаат сметки во Пошта

Започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“.

Од денеска граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.

Провизиите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.