Економија 13. May 2019. / 11:29

Од денеска до 28 јуни плаќајте ги заостанатите сметки без камата

Од денеска до 28 јуни плаќајте ги заостанатите сметки без камата
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известува корисниците коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад и потрошена вода (тужен и редовен) дека од денеска до 28 јуни 2019 година, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува само на физичките лица, колективните и индивидуалните домаќинства.