Економија 12. декември 2020. / 16:02

Објавен списокот на граѓани кои ќе добијат помош со четвртиот пакет мерки

Објавен списокот на граѓани кои ќе добијат помош со четвртиот пакет мерки

Владата на вчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на Заменикот на Претседателот на Владата на Републикаta задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра, се вели во соопштението.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk, може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.