Економија 28. август 2020. / 19:50

Нови протести поради поскапувањето на струјата

Нови протести поради поскапувањето на струјата

Над 1000 граѓани во Тетово го искажаа својот револт против одлуката на РКЕ да ја поскапи струјата за 7,4 проценти.

Ова е четврти протест по ред, а денеска се протестираше само во Тетово и Гостивар а во останатите градови протестите беа одложени поради денешниот празник.

Демонстрантите бараат да се поефтини струјата и да се намали ДДВ за вкупно 46 проценти, потоа бараат да се укине РКЕ а да се формира ново независно арбитражно тело што ќе ги контролира услугите што енергетските компании им ги нудат на потрошувачите.