Текстилната и кожарската индустрија ќе се помагаат со нови владини мерки, објави Телма.
Со новите мерки, но и со постоечките закони ќе се помага во овие индустрии, да се задржат работниците, да им се зголемат платите и да работат со современи машини. Вицепремиерот, Кочо Анѓушев забележа дека за осовременување на овој сектор со новиот закон ќе добијат повратни инвестиции без задоволувањето на критериумите како останатите гранки, а во делот на платите на работниците на маса разгледувале неколку европски модели.
Вицепремиерот Анѓушев и текстилниот кластер веќе имаат идеја за нова мерка, во делот на платите, но пред да ја објават треба да се направат дополнителни анализи.
Анѓушев забележа дека за да се подобри бизнис климата, а и младите да остануваат во земјава потребни се темелни реформи во образовниот систем, кој на младите ќе им понуди перспектива и работни места.