Економија 16. јуни 2020. / 11:39

Нова слика, нов скандал: Владата ја замени фотографијата од Германија со слика од езерото Анисе во Франција

Нова слика, нов скандал: Владата ја замени фотографијата од Германија со слика од езерото Анисе во Франција

По скандалот приреден од Владата и Министерството за економија, кога го промовираа домашниот туризам со фотографија од местото Конигсе, Германија, па авторот на фотографијата напиша дека „умира од смеење додека Македонците се обидуваат да сфатат кое место е тоа“, надлежните рекоа дека ја исправиле грешката, пишува порталот Курир.мк

Сега го промовираат ваучерот за туризам од 6 000 денари со фотографија, ама повторно скандалозна и повторно од друга држава. Овој пат станува збор за езерото Анисе во Франција. Ова е промотивното фото на Министерството и Владата:

Ова е фотографија од истото место во Франција: