Нестручниот кадар повторно е причина за хаварија во РЕК Битола, дознава Економски Лидер од извори во компанијата. Овој пат, како што дознаваме, исфрлен е од употреба третиот блок за производство.
Во услови на зима, кога е зголемена потрошувачката на струја, дефектот во РЕК ќе отвори потреба за увоз на електрична енергија од што најмногу ќе профитираат соседните земји и трговците.
-И повторно РЕК БИТОЛА се соочува со произведен колапс заради не стручноста на раководниот кадар.
Имено, овој пат од производство “испадна” само што ремонтираниот БЛОК-3, заради несоодветно адаптирање на работната температура, согласно одливот на деминирализираната вода во цевниот систем на работниот котел. – открива изворот на Лидер од компанијата.
Нашиот извор додава дека овој блок бил саниран многу скоро а симптоматично е тоа што во оваа компанија своите милионски операции има компанијата СВ Инвест, која се поврзува со името на Вице Заев.