Економија 29. ноември 2019. / 16:03

НОВ СКАНДАЛ: Омилената фирма на Шилегов добила 355.000 евра од СЈО!

НОВ СКАНДАЛ: Омилената фирма на Шилегов добила 355.000 евра од СЈО!

Градежната компанија „БАУЕР БГ’ е број еден по добиени пари од Специјалното Јавно Обвинителство – покажува анализата на „Економски Лидер“.

Оваа компанија, која е позната по тоа што добиваше огромни државни тендери за време на претходната власт, но и редовно добива огромни проекти од Град Скопје под водство на Петре Шилегов, ќарила дури 355.000 евра од обвинителсто на Катица Јанева и СЈО за дејност за која не се објавени информации. Зошто една градежна фирма, која беше една од главните во проектот Скопје 2014 добила пари од СЈО, останува непознато.

Во прилог, целата листа на добитници на пари од СЈО, каде Бауер БГ е број еден.

Анализата на „Лидер“ покажува дека оваа компанија вкупно добила 2.6 милиони евра државни тендери само лани. А вкупната сума во изминатите години изнесува неверојатни 61 милиони евра.

Познато е дека истата фирма имаше забрана за јавни набавки, но и покрај тоа Петре Шилегов и Град Скопје потпишуваа договори со неа.