Ноќните клубови по остварениот протест заедно со рестораните за свадби и естрадните уметници беа повикани на разговор со Премиерот, Министерот за здравство и останати претставници на Владата на Република Македонија.
Согласно состанокот на кој се разговараше за помош на Ноќните Клубови и објаснувањето дека како најпогодени од целата ситуација, со тоа што веќе 8 месеци сме присилно затворени со клуч на врата немаме добиено никава финансиска помош од државата , ние дојдовме до договор за доставување на наши барања кои би биле разгледани со цел постигнување на договор со што би се помогнал опстанокот на ноќните клубови во државата, велат од од здружението на ноќните клубови.
По доставувањето на нивното барање за финансиска помош во висина од 30% од бруто приходот на секој лиценциран објект за месеците во кои не работеле и за месеците што нема да ги работат во иднина со што би можеле да ги сервисираат настанатите долгови за ќирии, паушали за (струја,вода,телефони,интернет), закуп на паркинг простори, обезбедување на објектите и сл. и би продолжиле да ги сервисираат во идните месеци во кои нема да работат , зошто со новонастанатата ситуација и порастот на бројките на заболени сигурно не би можеле да работат во наредните 6 месеци, после две недели чекање добиле одговор дека ќе бидат помогнати со финансиски средства во износ од 3 кирии.
Велат дека оваа понуда е срамна и навредлива, после 8 месеци без ниту еден работен ден, без никаква надеж и најава за отварање, после сите образложени трошоци со кои се соочуваат секојдневно да ни се понуди финансиска помош од само 3 кирии е апсурдно.
За воља на вистината Ноќните клубови единствено кај нас од целиот регион се комплетно затворени веќе 8 месеци, сепак од целиот регион кај нас бројките на заболени се највисоки што укажува на тоа дека очигледно ние не сме причинители за ширењето на заразата и на нас ни е предизвикана најголема штета без никаква финансиска поддршка до сега што води до пропаѓање на нашите бизниси. Нашиот праг на толеранција е веќе поминат и оваа понуда од страна на Владата на Република Македонија ќе биде проследена со масовни протести и тужба кон државата за настанатата штета и нарушеното Уставно право да работиш и да заработуваш, реагираат од здружението на ноќните клубови.
Со ова известување, велат, би сакале да го поздрават Премиерот Зоран Заев и неговото ветувачко однесување со разбирање за нивниот проблем и ветување за изнаоѓање на решение и да му дадат до знаење дека долговите настанати од присилното затворање, со бизнис кој воопшто не работи немаат од каде да ги подмират. Додаваат дека со тоа максимално е нарушен нивниот углед, како и егзистенцијата на нивните семејства за кои треба да обезбедат храна, облека и лекарства во периодот кој следува.