Економија 31. август 2019. / 16:58

Нина Групер и официјално министерка за финансии

Нина Групер и официјално министерка за финансии

Нина Ангеловска, позната како Нина Групер, и официјално стана министерка за финансии.

Собранието попладнево со 64 гласови „за“ и 18 „против“ ја стави Нина Групер за прв човек на државната каса. Исто така Хасан Џемаили е избран за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Инаку Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година, а на јавноста и е позната по веб-сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк.