Економија 19. јули 2018. / 12:07

Николовски очекува Косово да ја повлече одлуката за зголемени царини

Николовски очекува Косово да ја повлече одлуката за зголемени царини

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува Косово веднаш да ја повлече одлуката за зголеменото царинење на овошјето и зеленчукот воведена вчера.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, без да прецизира дали Македонија ќе воведе контра мерки, одлуката го прекршува ЦЕФТА договорот и правно и формално е нејасна.

– Се прават интензивни анализи за одлуката на Косово која воопшто не содржи тарифни броеви, а и, наместо овошје и зеленчук, во табелите пишува пченка, истакна Николовски.

Министерот најави дека ќе се реагира во делот на Спогодбата за размена меѓу двете земји.