По објавата на „Фолксваген“ дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција, станало јасно дека германската автомобилска компанија воопшто не ја разгледувала Мкаедонија во финалната фаза за таа инвестиција, односно се покажало дека премиерот Зоран Заев повторно излажал, напиша на својот Фејзбук, Александар Николоски.
– Деновиве Фолксваген официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно Пасат и Шкода Суперб.
Она што е особено интрересно е што во информацијата на Фолксваген дадена за престижниот Блумберг велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка.
Со ова Фолксваген потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија! Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете – пишува Николоски.
Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Мкаедонија во финалната фаза за…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, October 5, 2019