Економија 25. декември 2020. / 07:30

Николоски: Во Косово капиталните инвестиции се милијарда евра, кај нас не се гради ништо

Николоски: Во Косово капиталните инвестиции се милијарда евра, кај нас не се гради ништо

Во Собранието имав два говори со бројки  за ребалансот на Буџетот за оваа и Буџетот за следната година, за тоа како недомаќински се трошат парите,  изјави  синоќа Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

„2008 година кога имаше криза, Македонија се задолжила само 63 милиони евра  и 2011, 160 милиони евра, значи вкупно 220 за две години, а  сега за две години сме задолжени милијарда и 600 мииони евра,  тогаш се градеа патишта,  мостови, болници, а не се гради ништо, изјави Николоски.

Во 2021,  Заев за плати на администација ќе потроши 510 милиони  евра , има скок од 200 милиони евра само за плати, за стоки и услги  347 милиони,  други трансфери 641 милион. Една милијарда за поткуп има само. Капитални инвестициии во Косово има 1 милијарда евра капитални кај нас 374. Затоа ке ја срушиме владата уште во првите месеци на 2021 година , кажа Николоски.