Ситуацијата со коропна вирусот во Македонија е исклучително алармантна и покрај на здравствен план, ќе остави огромни последици и на економски план што ќе ги чувствуваме долго време во периодот што следува, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Како што предупреди Николоски, на повидок е можеби најголемата економска криза од осамостојувањето на државата. Неработењето на компаниите предизвикува огромна штета, која значи дека можеби нема да може да бидат исплаќани плати во наредните месеци, а тоа ќе значи дополнителен шок за граѓаните. Николоски смета дека тие штети треба да бидат надоместени од државата
Со цел да бидат конструктивни во целата ситуација и да помогнат во справување со претстојната економска криза, од партијата предлагаат сет мерки.
Прво, следење на примерот на Хрватска, каде што Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните потрошувачки производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средствата што се неопходни за справување со последиците од корона вирусот. Ова мора да се направи веднаш, за да се заштитат граѓаните, а во исто време да се спречи профитерство во овие тешки денови.
Второ, Владата да донесе одлука и да побара од телекомуникациските оператори во месец март да донесат одлука со која нема да ги исклучуваат оние корисници коишто не ги платиле сметките. Брзата комуникација е примарна во решавањето на состојбата со којашто е соочена Македонија во овој момент.
Итно замрзнување на обврските кон државата на компаниите чијашто работа е погодена од новонастанатата ситуација. Итно замрзнување на обврските кон банките и заемодавателите за месец март на комапниите чоијашто работа е погодена од корона вирусот.
Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50 проценти. Итно враќање на сето заостанато ДДВ коешто државата им го должи на компаниите.
Субвенции за транспортните компании, туристичките компании, туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година.
Како што порача Николоски, тие очекуваат овие мерки да бидат веднаш прифатени. Тој информира дека ВМРО-ДПМНЕ има два серизони тима кои се на располагање на сите граѓани на Република Македонија и на Владата да бидат искористени. Првиот е здравствениот тим предводен од д-р Игор Никоов, а вториот е економски тим каде што се најдобрите, врвни стручњаци во државата за да дадат одговори.