Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4, Александар Николоски, во гостување во утрински брифинг зборуваше за престојните избори при што посочи дека тој решил да оди во изборната листа каде што ќе биде Зоран Заев затоа што сака, како што вели, да го победи на домашен терен.
-Јас на пример еве не знам како не се нервира кога си оди дома неколку пати неделно и кога го гледа патот од Штип до Радовиш кој што потоа води до Струмица. Три години е застанат таму каде што застана при промената на владата и камен не е ставен. Или како не го нервира во неговото родно Муртино бев скоро таму канализацијата тече буквално по улицата, а тој беше долги години градоначалник на Струмица, а потоа и премиер. Ја имате главната улица од левата и десната страна имате канали кои што не се затворени и низ кои поминува фекалната и атмосферска канализација што е извор на бројни зарази за жителите кои живеат таму. Или не знам како не го нервира тоа што не успеа да почна да работи од Радовиш до Струмица па до бугарска граница. Исто не знам како не го нервира тој беше носител ви ИЕ 4 на минатите избори дека експресниот пат за Прилеп застана каде што застана со промената на владата и немаше никакво поместување, истакна Николоски во своето гостување.
Николоски како носител на изборната единица 4 порача дека сите овие работи ќе ги отвори пред граѓаните и вети една, како што рече, револуција за Централна Македонија која опфаќа: Изградба на автопат до Велес преку Бабуна до Прилеп, Битола и грчка граница кој треба да го отвори централниот и јужниот дел од Македонија, доизградба на патот од Штип до Радовиш, продолжување од Радовиш до Струмица и понатака до бугарска граница преку Ново Село што треба да отвори уште една артерија на истокот и на тој начин да може економски да се развива центарот и истокот, рече Николовски