Економија 05. октомври 2020. / 18:51

Николоски од Тимјаник: Власта на Заев повторно ги предаде лозарите и ги остави на цедило

Николоски од Тимјаник: Власта на Заев повторно ги предаде лозарите и ги остави на цедило

Дојдов меѓу лозарите во Тимјаник, неготинско, да им кажам дека власта на Заев повторно ги предаде, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

После 3 дена јавна расправа во Собранието во која лозарите си ги искажаа своите маки, мнозинството предводено од СДСМ ги одби заклучоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои меѓу другото предвидуваа:

-интервентен државен откуп на сето неоткупено грозје

-навремена исплата на грозјето

-гарантирани цени кои се најмалку 20% повисоки од производната цена

-да се исплатат дополнителни 96 илјади денари за хектар субвенции

-да се ослободат лозарите од плаќање закуп за земјоделско земјиште и надоместок за вода

-да се одзема лиценцата на секоја винарија која нема да ја почитува договорената цена и количината за откуп

Впрочем, сето ова го ветуваше Заев кога беше во опозиција. Сега бараме само да се реализира тоа што го ветуваа. Повторно излажаа и ги оставија лозарите на цедило. Затоа што Заев е на страна на зелената мафија. нема образ да дојде и ова да им го каже на лозарите. А ние секогаш сме на страна на народот и со народот. Тоа е разликата, напиша Николоски.