Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостување за „Канал 5“ објасни дека освен големиот број на проекти и инвестиции, во фокусот на нивната предизборна кампања ќе бидат економијата и владеењето на правото.
Николоски посочи дека ќе биде воведен функционален систем на владеење на правото во којшто ќе има одговорност за сите без разлика од која политичка партија се.
– Ветуваме дека оваа заспана Македонија во овие три години економски ќе заживее и ќе нема место во државата во коешто нема да се инвестира во инфраструктура. Ги споменавме проектите изминатиот период а исто така ветуваме дека ќе воведеме функционален систем на владеење на правото во кој што ќе одговараат сите без разлика од која политичка партија се – истакна Николоски.