Во изјава за вестите на „Сител“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски зборуваше за економската програма на ВМРО-ДПМНЕ со која силно ќе се раздвижи економијата.
Како што истакна Николоски, со програмата ќе се намали невработеноста под 10%, ќе се зголемат платите за 25%, а пензиите за 20%, ќе се привлекуваат странски инвестиции со развојни центри, а домашните извозни компании ќе добијат силна поддршка за извоз.
– Од она што ќе го ветиме за изградба на патишта ќе го реализираме. Можно е капиталниталните расходи да бидат 500 милиони евра на годишно ниво, што значи вкупно две милијарди евра за циклус од четири години. Доколку тоа се реализира тоа ќе значи целосна обнова на инфраструктурната мрежа во Македонија – изјави Николоски.
Тој дополни дека голем акцент ќе биде ставен на инвестициската политика и на намалување на даноците.
– Ќе има нов концепт за привлекување на странски инвестиции во кој ќе се стимулира самите странски инвеститори да отвораат развојни центри за млади луѓе во нивните комапании за развојот да се случува во рамки на тие инвестиции со што ќе се овозможи тие млади да се обучуваат и преку практична работа да се развиваат со што ќе стекнат знаења и квалитети за да можат да дојдат до квалитетно вработување – изјави Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека се планира намалување на даноците, односно воведување рамен данок од 10 проценти. Николоски најави и дека во првите сто денови од новата власт ќе има намалување на тој данок на девет проценти, а до 2022 година во Македонија ќе има рамен данок од осум проценти, што ќе биде рекордно најнизок данок во целиот регион.