Економија 26. јули 2020. / 13:58

Невремето со град предизвика штети и до 100% во демиркаписко

Невремето со град предизвика штети и до 100% во демиркаписко

Врнежите од град синоќа предизвикаа и до сто проценти штети на лозјата, тутунот, пиперот и други земјоделски култури во демиркапиското село Корешница.

Невремето, проследено со врнежи од град и дожд од околу 25 литри на квадратен метар, траело 15 минути.

Претседателот на месната заедница Ѓорѓи Танев рече дека невремето направило штета не само кај лозјата, туку и на тутунот, пиперот и други земјоделски култури.

Општината Демир Капија веќе формирала комисија за проценка на штетите.