Владата ја прифати иницијативата, денот недела да биде прогласен за неработен ден, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
–Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, стои во објавата на Заев.
Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден!
Го задолживме Министерството за труд…
Posted by Zoran Zaev on Tuesday, November 3, 2020