Економија 02. април 2020. / 08:57

Намален е добиточниот фонд во Македонија

Намален е добиточниот фонд во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2019 година изнесува 390 903 илјади литри што е за 3,3% помалку во однос на 2018 година.

Намалување на производството во 2019 година е забележано и кај овчото млеко за 4.0% и кај козјото млеко за 26.2% во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 0.4%, а производството на свинско месо е зголемено за 3.5% во однос на претходната година. Производството на другите видови месо во однос на претходната година е намалено.

Од другите добиточни производи, во 2019, во однос на 2018 година, забележано е намалено производство на јајца и на волна.