Економија 31. октомври 2019. / 14:55

Намален бројот на работници во индустријата, најмногу во рударството

Намален бројот на работници во индустријата, најмногу во рударството

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава во однос на септември лани е намален за 1,6 проценти, а во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на септември минатата година, бележи пад од 3,6 проценти, во преработувачка индустрија од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи пораст кај капитални производи за 6,9 проценти, а опаѓање кај енергија за 1,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7 проценти