Бугарското Министерство за економија ќе започне проверка на односот на македонските власти спрема бугарските инвестиции во Македонија, јавува софиски 24 часа. Ова следува по поплаките на фирмите „Полиграфснаб“ и „Лито Балкан“, кои се пожалиле за нивните инвестиции во „Графички центар“- Скопје и на учеството на тендерот на Министерството за образование за печатење учебници и работни тетратки.
Може ли да купиш имот, но да не ти дозволуваат да го користиш со што се блокира инвестиција од 1 милион евра и да се трупаат загуби од неколку илјади евра за само неколку месеци, прашува порталот и додава дека тоа е можно, но само во Република Северна Македонија. И тоа во време за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Очигледно, освен со историјата, југозападниот сосед започнува да си поигрува и со бизнисот на бугарските компании, вели порталот.