Економија 18. септември 2019. / 12:11

На Шумарски факултет се запишале дури 18 студенти

На Шумарски факултет се запишале дури 18 студенти

Во трите насоки на Шумарскиот факултет во Скопје се запишаа само 18 студенти иако се предвидени 120, пишува Експрес.

Електронски се пријавиле уште осуммина, меѓутоа, немаат положено државна матура што значи, согласно Законот за високо образование дека не може да се запишат на факултетот.

-Деканот на факултетот, Кирил Сотировски, вели дека причина за ова е и „што секторот шумарство во Македонија, па и во регионот севкупно, ја губи привлечноста бидејќи долги години е на раб на економска одржливост…. Конечно, мое лично мислење е дека самиот збор шумарство низ годините доби негативен  контекст и пошироката јавност не е запознаена со сите позитивни аспекти, па и можностите за работа што се врзани со шумарството, и тоа не само во Македонија, туку воопшто, пренесува „Факултети.мк“.

Сотировски најавува дека наскоро факултетот официјално ќе се преименува во Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во чест на Ханс Ем (6 јуни 1898 Марибор – 9 јули 1992 Скопје), инженер, професор на Шумарскиот факултет во Скопје, најстариот член на МАНУ.

Идејата е да се зголеми видливоста и популарноста, а сметаат дека ова подескриптивно име ќе предизвика повеќе интерес кај потенцијалните студенти, но и дека пошироката јавност ќе осознае што сѐ се учи и работи на факултетот со децении.