Економија 05. ноември 2018. / 19:04

МВР склучило договор во четири очи, вреден 2,8 милиони денари

МВР склучило договор во четири очи, вреден 2,8 милиони денари

Министерството за внатрешни работи на 1 ноември склучило договор во 4 очи вреден 2,8 милиони евра односно околу 45 илјади евра, за сервисирање на уреди за мерење на брзина на возила, пишува Курир.

Како што стои на страната на Бирото за јавни набавки предмет на договорот за јавна набавка е услуги за дефектажа, сервисирање, калибрација и верификација на уреди за мерење на брзина на возила – ласерски радари, а постапката се одвивала со преговарање без претходно објавување на оглас.

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.