На многу од плажите на Охридско-струшкото крајбрежје среде сезона сè уште нема спасители на вода. Поголемиот дел од нив не се ни соодветно одбележани, иако особено за викендите врие од посетители.
Според Црвениот крст, од вкупно 35 плажи во Охрид, само 12 ја испочитувале оваа законска обврска, додека во Струга од вкупно 15 плажи, само на четири имало спасувачи. И покрај тоа што најголем дел од плажите се без концесионери поради истечените договори, секаде има лежалки и друга опрема. Некои ги поставуваат актуелните концесионери кои ја имаат обжалено владината уредба за враќање на плажите, а други се чини работат на диво.
За ваквата состојба од Црвениот крст веќе ги информирале Капетанијата на пристаништата, Министерството за транспорт и двете општини. Јавно ќе ги објават и имињата на плажите кои не се безбедни за капење. А, освен отсуството на спасителни служби, на плажите и понатаму генерално не се почитуваат ни протоколите против корона вирусот.
Опомени да се придржуваат до здравствените протоколи, на посетителите им изрекуваат и спасувачите, онаму каде што ги има. На плажите не се почитуваат ниту мерките за држење на дистанца во вода, а на педалинките се возат и повеќе луѓе одеднаш, многу често и малолетни лица.
Не се почитуваат ниту мерките за држење на дистанца и во вода, а на педалинките се возат и повеќе луѓе одеднаш, многу често и малолетни лица.