Деталите за трошењето на народните пари остануваат нејасни. ММФ во најновиот извештај нотира дека Владата вложува напори за подобрување на транспарентноста, но извештаите не објаснуваат се.
-Разликите во клучните фискални агрегати меѓу извештаите на државата и статистичките извештаи не се објаснети и ниеден извештај не објаснува како промената на државниот долг може да не се доведе во врска со буџетскиот дефицит- се вели во извештајот.
Експертите сметаат дека Финансии ќе треба да работи на објавување на сите информации. Но и тие да бидат претставени во форма која е разбирлива и за експертската, но и за пошироката јавност.
Не само да се зборува дека „објавивме податоци, ние сме транспарентни“ итн. Туку она што го објавувате како информации и податоци сега да го направите разбирливо за пошироката публика. Значи не може Министерството да очекува дека ќе рече „Ние сега ги отвораме податоците и толку“. Не застанува тој процес тука.
Според ММФ, Јавниот долг расте во време кога нема потреба од финансирање на буџетскиот дефицит, а тоа не е прецизно наведено во државните извештаи.
Петрески вели дека во последната година и пол има стабилизација на долгот.
-Од друга страна се уште проектираме буџетски дефицит што е логично за ова ниво на развој на економијата. И што генерираме такви дефицити, сигурно дека ќе треба да очекуваме дека долгот и натаму ќе расте затоа што тие средства треба да се обезбедат од некаде- вели економскиот аналитичар, Марјан Петрески.
Според Петрески, не е толку важно дали ќе расте долгот, туку како паметно да се трошат позајмените пари, односно во капитални инвестиции.
Министерот Тевдовски рече дека овој извештај е нарачан од Финансии. Целта е кредибилна институција да даде мислење за транспарентноста.