Во годишниот извештај Фондот ги посочува САД, Велика Британија, Аргентина и Турција како земји со прекумерни дефицити
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека има малку индикации дека меѓународните трговски дебаланси се стеснуваат, тренд кој може да ги зголеми трговските тензии и да го намали економскиот раст.
Во својот годишен извештај за надворешниот сектор, ММФ рече дека речиси половина од салдата на тековните сметки во светот се прекумерни и дека вишоците и дефицитите на тековните сметки се` повеќе се сконцентрирани во развиените земји.
Прекумерните тековни сметки значат дека тие не можат да се бранат од невработеноста, понудата и побарувачката, како и нејзините идеални економски политики.
Тековната сметка ги документира трансакциите на земјата со остатокот од светот во одреден временски период.
Во годишниот извештај на ММФ се прикажува трговската позиција и девизните курсеви на најголемите светски економии. Денешниот извештајот беше базиран на податоци и проекции на ММФ од 22 јуни.
Во извештајот се вели дека вишокот на тековната сметка на Кина минатата година се зголемил на 1,7 проценти од својот бруто-домашен производ. ММФ, исто така, ја вклучи Кина на листата на земји со прекумерна рамнотежа. Германија, Јужна Кореја, Холандија, Шведска и Сингапур исто така се наведени во оваа категорија.
Земји со прекумерни дефицити на тековната сметка, оние што позајмиле премногу пари, се: САД, Велика Британија, Аргентина и Турција, се вели во извештајот.
ММФ вели дека големите трговски суфицити во Германија и Кина, заедно со големиот трговски дефицит во САД, би можеле да ги влошат трговските конфликти кои зафаќаат голем дел од светот.
„Големите и постојаните вишоци на надворешни нерамнотежи во клучните економии во светот – во услови на политички акции штетни за надворешните салда – претставуваат ризик за глобалната стабилност“, се вели во извештајот.
Според извештајот, даночните намалувања кои ги направи американскиот претседател Доналд Трамп и штедењето во владата во САД, придонесуваат за зголемување на стапките на позајмување, посилен американски долар и дефицит на тековната сметка на САД.
Освен потенцијалното влошување во трговијата, во извештајот се наведува дека трендовите би можеле да ги ослабнат и пазарите во развој, предизвикувајќи каматните стапки да се зголемат побрзо од очекуваното.