За прв пат јавниот долг во Македонија, изнесува над 50% од бруто домашниот производ, по што земјата влегува во ризична фаза за банкрот, стои во анализата на Меѓународниот Монетарен Фонд.
На 23 јануари оваа година, извршниот одбор на ММФ, направи анализа за состојбите во Македонија за 2018 година.
Севкупниот фискален дефицит се очекува да биде 2,6 отсто од БДП во 2018 година, главно поради нереализирање на капиталните инвестиции. Приходите од Буџетот слаби, иако наплатата на данокот на добивка и придонесите за социјално осигурување ги надмина очекувањата. Се проценува дека јавниот долг достигна 50,7 отсто од БДП на крајот од 2018 година. – оцени ММФ.
По падот во 2017 година, реалниот раст на БДП доживеа скромно враќање во првите три квартали од 2018 и се проценува дека ќе достигне 2 проценти годинава. Приватната потрошувачка – зајакната со растот на вработеноста и кредитите на домакинствата и растот на извозот, поттикната од солидната надворешна побарувачка и металопреработувачката индустрија, ја поддржаа економската активност. Сепак, најавените инвестиции се неизвесни, поради одложувањето на големите инфраструктурни проекти и падот на градежништвото. Како резултат на тоа, намалениот увоз поврзан со инвестициите, заедно со силниот извоз, се проценува дека го намалија сегашниот дефицит скоро 0,5 проценти од БДП во 2018. По краткиот скок, главно одразувајќи ги повисоките меѓународни цени на нафтата, инфлацијата се намали во последниве месеци.
Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен. Банките удобно ги задоволуваат барањата за адекватност на капиталот од првиот столб и одржуваат здрави агрегатни ликвидни бафери. Кредитните ризици се исти поради високи провизии. Наспроти позадината на поволните движења на девизниот пазар, силниот раст на депозитите, умерената инфлација и негативниот производствен јаз, НБРМ ги намали каматните стапки, два пати на 275 процентни поени. Олеснувањето на монетарната политика, заедно со зголемената побарувачка од домаќинствата, го поддржа кредитен раст на приватниот сектор.
Според ова ММФ, ја пофали работата на НБРМ, но ги искритикува политиките на владата.
НБРМ излезе со соопштение по објавувањето на оцените за македонската економија.
– Извештајот за Република Македонија за 2018 година што го објави денес Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претставува финално заокружување на оцените од редовниот годишен преглед на македонската економија спроведен во ноември минатата година во рамки на Мисијата, според член 4 од Статутот на ММФ. Во Извештајот, поставеноста на монетарната политика сe оценува како соодветна. Притоа, нотирано е монетарното релаксирање во текот на минатата година, како поддршка на вкупната активност во економијата, а при истовремено одржување стабилни очекувања на економските субјекти и на нивната доверба. Воедно, се констатира дека олабавувањето на монетарната политика во текот на годината е одраз на поволните движења на девизниот пазар, малиот производствен јаз и умерената инфлација. Во својот извештај, ММФ потврдува дека надворешната позиција на економијата главно е во линија со среднорочните фундаменти и дека девизните резерви би се одржувале на соодветно ниво и во наредниот период. – велат од НБРМ.
ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е стабилен и дека банките се висококапитализирани, ликвидни и профитабилни. Во Извештајот се посочува дека учеството на нефункционалните во вкупните кредити е намалено и дека постои соодветна резервираност на нефункционалните кредити за справување со кредитниот ризик, но и дека ризиците сепак треба и натаму внимателно да се следат. Според ММФ, натамошните напори за постепено зголемување на денаризацијата на депозитите, во комбинација со соодветни макропрудентни мерки на страната на кредитите, може позитивно да влијаат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем. Во Извештајот се посочени и повеќе конструктивни препораки за натамошно зајакнување на рамката за финансиска стабилност, кои беа утврдени во рамки на Програмата за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија, која заврши неодамна.
Во поглед на макроекономските движења, ММФ очекува економскиот раст во земјава да забрза на 2,8% во 2019 година, поддржан од закрепнувањето на инвестициската активност и на 3,4% на среден рок. Според ММФ, зголемениот глобален протекционизам и затегнувањето на меѓународните финансиски услови се клучни негативни ризици за макроекономските изгледи кај нас. Од друга страна, како позитивен ризик се посочува забрзувањето на процесот на структурни реформи и започнувањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и НАТО.