Економија 19. февруари 2021. / 13:40

Мисајловски од Бутел: Не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира

Мисајловски од Бутел: Не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска ја посети општина Бутел каде оствари неколку средби со повеќе граѓани. Тој беше придружуван од пратеникот Дарко Костовски, кој е дел од раководството на Општинскиот Комитет Бутел.

Тој по средбите со пензионерите, од кои, како што вели, можевме да слушнеме колку се задоволни од стандардот и каков е животот во Македонија, рече дека не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира.

-Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, односно околу стотина денари само им е качена пензијата во последните три – четири години. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме како дека не можат за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките, и во болниците се разбира. Не можат и немаат можност да се вакцинираат. Не можат да гледаат како нивните деца не можат да најдат работа тука бидејќи се повеќе гранки се затвораат. Но, и се повеќе млади се иселуваат, вели Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека прашањата кои што ги мачат жителите ќе бидат преточени во програма се со цел за подобар живот. Затоа, додава Мисајловски, ВМРО-ДПМНЕ мора што побрзо да ја симне оваа власт и да понуди подобри решенија, да понуди подобра програма и да се види напредок во општината.

Како што Општината Бутел не прави ништо, како што Градот Скопје не прави ништо, зборам за капитални проекти, за поубав Бутел итн., ништо не прави ниту власта. Затоа сето ова набрзо мора да се промени, рече Мисајловски.