Економија 16. април 2020. / 21:10

Министерство за финансии ќе аплицира во Светска банка за нов заем

Министерство за финансии ќе аплицира во Светска банка за нов заем

Владата денеска на седница усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Северна Македонија, а го задолжи Министерството за финансии да аплицира до Светската банка за обезбедување заем за негово спроведување.

-Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република С. Македонија, информираат од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита).

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со KОВИД-19.