Економија 17. April 2019. / 20:45

Министерот за финансии Тевдовски: Општините да го зголемат данокот на имот

Министерот за финансии Тевдовски: Општините да го зголемат данокот на имот

Министерот за финансии вели дека општините можат да ги зголемат приходите доколку го зголемат данокот на имот на граѓаните.

Иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 до 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто, рече Драган Тевдовски одговарајќи на прашање на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.

Министерот, на дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, побара општините да размислуваат за подобрување на приходните страни и планирањето на трошоците, а не да бараат повеќе пари од Владата.