Во однос на реализацијата на Буџетот за 2017 година, вкупните приходи се зголемени за 6,1% во однос на минатата година. Споредбено со 2016 година, реализацијата на приходите по основ на данокот на додадена вредност е повисока за 4,2%, односно за 1,921 милијарди денари. Данокот на добивка исто така бележи подобрена наплата, при што приходите по овој основ се повисоки за 5,4% во однос на 2016 година. Вкупните расходи на Буџетот на Република Македонија се изнесуваат 196,6 милијарди денари, што претставува реализација од 96,7% во однос на планираните средства.
„Пред нас се значајни предизвици – значајни реформи, како среднорочното буџетирање, новиот систем на јавни набавки, фискален совет, нов закон за јавен долг кои се предвидуваат со стратегијата. Со реформите кои ќе се спроведат ќе добиеме еден многу подобар систем на управување со јавните финансии. Наесен ќе ја воведеме платформата Open Finance со која граѓаните ќе имаат увид во сите исплати од Трезорот“ рече Тевдовски и посочи дека Владата настојува и работи за да спроведе реформи кои ќе го подобрат управувањето со јавните финансии, што ќе обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.