Економија 20. ноември 2019. / 14:14

Министерката Ангеловска призна дека сивата економија пораснала за 50% во Македонија

Министерката Ангеловска призна дека сивата економија пораснала за 50% во Македонија

Коментирајќи ја одлуката за поништување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок, Министерката за финснансии Нина Ангеловска посочи дека сивата економија во државата е 38% од целата економија, согласно меѓународни извори, пишува Курир.

Велите дали не требаше да останеме на ставот. Да останеме на ставот, па после 2 години да речеме можеби се зголемила сивата економија, која што патем сега според ММФ е околу 38%, рече министерката Ангеловска.

Ова е крајно загрижувачки, ако се има предвид дека само пред една година согласно проценките на Светската Банка ОЕЦД 25% од економските активности се одвивале во зоната на сивата економија.

За една година според реномираните меѓународни финансиски институции сивата економија е порасната за околу 50%.