Вработените во Министерството за труд и социјална политика скоро десет дена се без пензиско и здравствено осигурување, дознава Лидер од извори во министерството.
Како што сведочи еден вработен, министерката Мила Царовска не им ги подмирила пензиското и здравственото осигурување
Не можеме да отидеме на лекар, ни бараат да платиме приватно затоа што МТСП нема платено во фондот., вели вработениот кој бара да не го откриеме неговиот идентитет поради опасност од реперкусии.