Економија 09. јуни 2020. / 15:09

Мицкоски: Во економија има катастрофални резултати, со пад на извозот од 60 проценти

Мицкоски: Во економија има катастрофални резултати, со пад на извозот од 60 проценти

Растот на македонската економија во првиот квартал е катастрофално  низок, а  има и драстично намалување на извозот  во првите 4 месеци од годината за цели 60%.  Ова не е економијата која ни ја ветуваа, кога Заев, Спасовски, Царовска , и Ангеловска не убедуваа дека блескаме, а всушност статистичките податоци го покажаа токму спротивното, изјави денеска лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски во своето обраќање пред јавноста.

„Државниот завод за статистика го објави показателот односно параметарот кој што го детерминира растот на БДП во првиот квартал. Се сеќавате кога Заев, Спасовски, Царовска, Ангеловска не убедуваа дека блескаме, дека економијата практично соборува резултати? Е, вчерашниот податок сето тоа го демантира, но го демантира на брутален начин. Имено, катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2%. А, каков е случајот во околината и каков е случајот со останатите балкански земји? Имено, соседна Србија книжи раст од цели 5%, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%. И сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, односно претседател на Владата, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме и дека економијата ни е на прав пат, изјави Мицкоски.

Но, втор индикатор кој исто така загрижува и кој што можеби прв пат ни се случува после неколку години е намалувањето, драматичното намалување на извозот во првите четири месеци од годината, а најмногу тоа се чувствува практично во четвртиот месец или месец април. Имено падот во месец април изнесува цели 60% на извозот, потенцира Мицкоски.

Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60% помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку стока споредено со истиот период во 2019 година. Ќе повторам во првите четири месеци од 2020 година македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку од тоа што го направила за истиот период во 2019 година. Нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во реалниот сектор. Нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во економијата и во стопанството. Тоа впрочем го говорат надлежните во стопанските комори, изјави Мицкоски.

Мицкоски во  својот говор ја замолува Владата да се надмине себе си и да ги продолжи мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и да не завршат тие заклучно со месец мај. Да ги продолжат и за месеците јуни, за месеците јули и за месецот август затоа што тоа му е потребно на реалниот сектор. Само здрав реален сектор ќе значи и здрава македонска економија, вели Мицкоски.