Економија 29. декември 2020. / 22:24

Мицкоски: Власта направи предизборен грабеж, плашејќи се за сопствените кариери

Мицкоски: Власта направи предизборен грабеж, плашејќи се за сопствените кариери

Долгот на државата порасна на 61-62 проценти и ќе расте уште повеќе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Прашањето ми е следно“.

„Самиот министер за финансии вели – ако не беше интервенцијата на Владата, со оние т.н. антикризни мерки во економијата, тогаш падот немаше да биде во првите три квартала 5,9 проценти туку ќе беше 7,1 процент од БДП. Тоа би значело дека од прилика на крајот од годината БДП изнесува нешто помалку од 11 милијарди евра, разликата од 1,2 проценти би значела нешто повеќе од 120-130 милиони евра. За да ги заштедат овие пари тие потрошија повеќе од половина милијарда, а ја задолжија државата  само за еден квартал за една милијарда“, појасни Мицкоски.

Ефектот според него, е помалку од една осмина од тоа што Владата ја задолжила државата.

„Ако вака се однесуваат со сопственото семејство нема да можат од први до први да го завршат месецот. Направија предизборен грабеж, плашејќи се за сопствените кариери, бидејќи знаат дека направиле многу криминал во изминатите четири години“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.