Економија 13. октомври 2020. / 20:13

Мицкоски: Владата не ја искористи милијардата за капитални инвестиции, туку за поткуп пред избори

Мицкоски: Владата не ја искористи милијардата за капитални инвестиции, туку за поткуп пред избори

Вечерва во емисијата „само интервју“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека владата не ја искористи милијардата за капитални инвестиции, туку за поткуп пред избори. Парите отидоа поткуп, а граѓаните останаа без нови патишта, училишта, градинки.

„Отиде милијардата, прашање е дали ќе има нова милијарда. Да знаеше како треба да се искористат парите ќе имаше три нови автопати, и пругата ќе се направеше и три такви автопатишта, и школи ќе се реновираа, градинки ќе се реновираа и ќе имаше пари и за градежните компании“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако власта размислуваше стратешки и ако навистина работеше Македонија ќе имаше нови автопатишта, школи и градинки.

-Проблемот е што некој гледаше единствено од денес за утре. Парите се потрошија, отиде милијардата, а сега е прашање од каде ќе се најдат пари. Затоа што Светска Банка вели долгот отиде нагоре, нема веќе позајмување. Сега е прашање од каде пари за четвртиот пакет на мерки, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека владата ден пред „Finance Think“ вели дека потрошила 550 милиони во првите две мерки, а „Finance Think“ вели дека владата потрошила 193-4 милиони евра.