Економија 22. февруари 2020. / 13:58

Мицкоски вети нова термоцентрала во Малешевијата и 1000 нови вработувања

Мицкоски вети нова термоцентрала во Малешевијата и 1000 нови вработувања

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети изградба на нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова ќе значи 1 000 нови вработувања од овој дел на земјата.

-Се обрзуваме за обнова која ќе донесе нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова ќе значи 1 000 нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и останатите места, со добри плати. За целиот регион тоа ќе донесе 20 милиони евра обрт годишно и враќање на животот во овој крај, порача Мицкоски.