Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“ на АлсатТВ посочи дека државата има помалку пари поради владата на СДСМ, велејќи дека УЈП има околу 4 милијарди денари помалку собрани од она што било предвидено.
-Даноци се собираат по три основи. УЈП која што собира 70% од вкупните даноци во државата. Собираат три вида на даноци, еден е данок на добивка, персонален данок на добивка. Вториот е персонален данок на доход. И третиот е данок на додадена вредност. Данокот на добивка е паднат некаде за 24.5% споредена од планинарната. Данокот на персонален доход е од прилика околу 0 или 1, така нешто. Зошто? Затоа што имавме поголема даночна основица во првите 11 месеци во годината. Ако ја немавме, ако беше онаа старата која што ја вратија сега популистички предизборно откако видоа дека целата економска политика им се урна, тогаш и тука ќе имавме потфрлања најмалку 10%“, објасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека 4.2 или 4.3 милијадри денари УЈП имаат соберено помалку од она што го планирале. И затоа сега владата ги правда преку земање на нови заеми. Владата дури вчера зеде заем од 8 милиони евра. Поради тоа сега во македонскиот буџет има дупка.