Економија 08. февруари 2020. / 14:56

Мицкоски со пакет мерки за стопанството: Над 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Мицкоски со пакет мерки за стопанството: Над 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Во своето обраќање пред јавноста, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави сериозна инвестициска активност во Македонија.

Како што потенцира Мицкоски, доколку неговата партија победи на претстојните избори, ќе преземат мерки што ќе донесат четири милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат.

– Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација. Тоа значи нов економски модел кој ќе биде базиран на модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија. За таа цел планираме:

Да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување;
Изградба на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции;
Реформа на Македонската Банка за поддршка на развојот во Македонско извозно развојна Банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании и субвенционирана камата за развој;
Ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија, најави тој.
Мицкоски истакна дека се обврзува на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат – подвлече Мицкоски.