Можни се три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг, вели во видео обраќање на неговиот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вели, добро е што владата делумно ги прифатила мерките од уредбата што ја предложила опозицијата, но потребно е уште повеќе. Мицкоски посочува да не се бара од корисниците да ја вратат помошта од државата, релаксирање на фискалната политика и државна помош и за месец март за работниците и компаниите.
– Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, што ќе донесе покачување на продуктите потребни за граѓаните, потенцира Мицкоски.